Skip to main content

Кривчна пријава за дебарчанец кој давал поткуп

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање поткуп“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против М.Х. (39) од Дебар.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

svrПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање поткуп“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против М.Х. (39) од Дебар.
 
На 14 септември оваа година, пријавениот-сопственик на индивидуал- на земјоделска фирма “Чифлик Мирзо“-Дебар,  на двајца вработени во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, им дал една банкнота од 50 евра.

Настанот се случил во Дебар при контрола-супервизија на земјоделска површина посеана со растителни производи-пченка, луцерка и граор, за кои пријавениот до Агенција имал поднесено барање за субвенционирање.

М.Х. знејќи дека има разлика помеѓу посеаните земјоделски површини наведени во негово барање за 46.967 метри квадратни и фактички посеаните земјоделски површини од 37.034 метри квадратни, на службените лица од Агенцијата им дал една банкнота од 50 евра со напомена дека сака да ги почасти ручек а контролата да бидела во ред.