Skip to main content

Мото ГП од 2012 и во соседството

Бугарија во 2012 година ќе биде домаќин на трка од Светскиот шампионат во Мото ГП како прва источноевропска земја со таква привилегија.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Бугарија во 2012 година ќе биде домаќин на трка од Светскиот шампионат во Мото ГП како прва источноевропска земја со таква привилегија.

Претседателот на Бугарската мотоциклистичка федерација, Богдан Николов, и Кармело Еспалета, прв човек на сопственикот на комерацијалните права за Мото ГП, компанијата „Дорна“, потпишаа прелиминарен петгодишен договор, кој ќе почне да се реализира по три години. Тежина на преговарачката позиција на Бугарите им даде присуството и на премиерот Сергеј Станишев и на министерката за спорт Лечева.

Бугарија„Го направивме првиот чекор во реализацијата на овој и за нас возбудлив проект. Бугарија и земјите во регионот ни се неистражен терен и не’ радува нивниот интерес за мотоспортот“, изјави Еспалета.

Се шпекулира дека домаќин на трката ќе биде патеката што допрва треба да се изгради во Долна Митрополија на северот од Бугарија.

 

 

 

{loadposition content9}