Преговорите на мртва точка
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека преговорите се активни, процесот е во тек а нивните претставници редовно комуницираат со странските медијатор, пренесува „Телма“.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека преговорите се активни, процесот е во тек а нивните претставници редовно комуницираат со странските медијатор, пренесува „Телма“.
Од СДСМ велат дека нивните преговарачи не остваруваат ниту билатерални средби со посредниците бидејќи веќе се усогласени, па поместувања очекуваат од „оние другите“. Последна заедничка средба на лидерско ниво имаше во петокот на полноќ. Постигнат е минимален напредок.
Неофицијално, до сега се усогласени Изборниот законик и Собраниската анкетна комисија за прислушуваните разговори, но СДСМ нема да им даде проодност се додека не се избере целиот тим на специјалната обвинителка.
Далеку е решението за Законот за Влада, односно за ингеренциите на министрите за внатрешни работи и за труд и социјала, што треба да се изберат по предлог на опозицијата. Нема решение за законот за бомби, со кој паралелно ќе оди и закон за свиркачи, а речиси да не се почнати преговори за реформа на медиумите и на судството.
Сите рокови предвидени со Договорот од Пржино се пробиени, по враќањето на опозицијата во Парламентот на 1 септември и изборот на Катица Јанева на 15 септември.
Додека меѓународната заедница е разочарана од непочитувањето на Договорот од Пржино, во кој лично се вложија евро-комесарот Јоханес Хан и амбасадорите на неколку европски земји, во земјава се засилуваат шпекулациите дека двете партии работат на алтернативни планови.
Доколку договорот целосно пропадне, од СДСМ велат дека сите опции ќе бидат отворени, што неофицијално се толкува како најава за продолжување со бомбите и повторно напуштање на Собранието. Се шпекулира дека и ВМРО ДПМНЕ ќе почне со порадикални и вонинституционални активности и ќе организира протести во Скопје и во другите градови.