Skip to main content

„Последниот Македонец – патот до истребување“ на кино репертоарот во Охрид

„Последниот Македонец – патот до истребување“, режисерското дело на Илија Пиперковски претстојниот викенд ќе биде премиерно прикажан во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, САБОТА 31-ви Октомври,со почеток 20.00 часот, влез 100 денари.

kocev

kocevКино проекции во деновите 1-ви, 2-ри и 4-ти Ноември 2015 година со почеток во 20.00 часот.

Во главните улоги ќе имаме можност да ги видиме Сашко Коцев, Ненад Начев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски и Биљана Драгичевиќ-Пројковска. Крвопролевање, разделба на семејства, моќта на соседите, желбата за уништување на Македонија, татковина распарчена на многу делови и херои со големи планови и силна желба да останат свои на своето…Тоа е Последниот Македонец… Оној кој ја испишува нашата историја. 100 години подоцна, по бројните разделби и уништувања, еве не повторно со исти ликови, а различни карактеристики, со неколку чекори сè уште во историјата.

Продуцент на „Последниот Македонец – патот до истребување “ е Снежана Лупевска-Созен, додека пак извршни продуценти се Огнен Антов и Владимир Анастасов.