Skip to main content

Нов режим на сообраќај во центарот со оформувањето на кружниот тек

Нов режим на сообраќај во центарот со  оформувањето на кружниот тек.

 |  Валентина Неловска  | 
bulevar

Од  1-ви ноември  стапува во сила нов режим за сообраќај  на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Македонски просветители“.
Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и  улици при општина Охрид информираат дека со  новиот режим на сообраќај  семафорскиот систем ќе биде исклучен  и моторниот сообраќај ќе  се одвива по новиот кружен тек. Граѓаните  за пешачки сообраќај нема да можат да ги користат постојните пешачки премини туку ќе треба да ги користат новите пешачки премини кои соодветно ќе бидат обележани.

bulevar„ Во моментов има соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација за пешаци но до недела  ќе биде поставена нова сигнализација. Ќе бидат исцртани нови пешачки премини на нови места во близина на постоечките по завршната фаза раскрсницата ќе бидат оформени и зони за премин на учесниците  во сообраќајот на тој потег“, кажува  Танески.     

По завршување на  градежните  работи ќе започне да се гради и малиот кружен тек. Подговтовките течат  и веќе се поставени точките за  вториот кружен тек кој треба да се оформи, напоменува Танески.

„Паралелно изградбата на примарниот и секундарниот тек одат паралелно. Прво ќе биде оформен  големиот кружен тек од 24 метри ,а малиот круг од 3 -3,5 метри ќе се оформи веднаш штом заврши изградбата на големиот кружен тек“, информира Танески.  
Со новиот режим на сообраќај на крстосницата Булевар Туристичка и Македонски  просветители  се менува и  автобуската постојка кај зградата „Печијаре“. Таа ќе биде дислоцирана и префрлена на дваесетина метри подолу  на Булеварот кај ПЗУ  „Дарон“.