Skip to main content

Запуштена ограда опасна за сообраќајот на влезот во населбата Христо Узунов

Запуштена ограда  опасна за сообраќајот на  влезот  во населбата Христо Узунов.

 |  Валентина Неловска  | 
dame gruev

Влезот во населбата Христо Узунов нема прегледност и сообраќајот станува ризичен. Причина е запуштена ограда која ја попречува прегледноста на улицата Даме Груев и нејзиниот крак кој води во населбата. Во многу случаи во последен dgмомент се избегнуваат сообраќајни несреќи, се жалат жителите кои имале непријатности и стресни ситуации на овој  пресек. Ванчо Бочвароски, претседател на урбаната заедница  Даме Груев за ТВМ потврди дека овој потег за жителите од УЗ  е сериозен сообраќаен проблем. Бочвароски напоменува дека уште во септември минатата година од фондот за комунални дејности побарале решавање на овој проблем. На средбата со претставници од Фонодт за сообраќај и патишта побарале на ова место да се постави сферно огледало или да се среди запуштената ограда од куќата чии сопственици  живеат во странство. Од Фондот потврдуваат дека  од месната заедница Даме Груев имаат барање за поставување на сферно огледало.


„Од одделението ја разгледавме можноста за поставување на сферно огледало, а се обративме и до општинскиот инспекторат  да преземе активности. Одделението за сообраќај во рамките на поставување на сферни огледала сериозно го зема во предвид и ова место и по јавната набавка на огледалата ќе биде поставено“, кажува Танески.
 
dg Наша надлежнсот како сектор за комунални дејности е препраќајне  на ова барање до Оптинскиот инспекторат. Во следните денови тие ќе излезат и ќе преземат соодветни мерки за решавање на проблемот, напоменува Танески.  ТВМ и понатака ќе го следи решавањето на овој сериозен сообраќаен проблем на влезот од населбата  Христо Узунов.