Роналдо стана трет стрелец во историјата на најсилните пет лиги
Со погодокот против Лас Палмас Кристијано Роналдо се проби на третото место на вечната листа

Реал Мадрид го победи Лас Палмас со 3-1, а вториот погодок на натпреварот е дела на Кристијано Роналдо. Тоа беше вкупно 317 погодок во шпанското и англиското првенство. На листата на најдобри стрелци од најсилните пет лиги (Шпанија, Италија, Англија, Германија и Франција) Роналдо се проби на високото трето место.
Интересно е тоа што на истата листа Лео Меси е дури седми иако е рекордер во шпанското првенство со 288 погодоци. Роналдо во дресот на Реал постигна 233, но за Манчестер Јунајтед постигна уште 84 погодоци.
Пред Роналдо останаа само двајца. На второто место е германската легенда Герд Милер со 365 голови во Бундес лигата, а на првото место е Џими Грејвс легендата на Тотенхем во кој играл во 60-те години.
Џими постигнал во англиското првенство 357 погодоци играјќи за Челзи, Тотенхем и Вест Хем, но и за италијанскиот Милан за кој постигнал 9 голови во 1961 година. Така ја достигнал бројката од 366 голови, само еден повеќе од Милер.
Грејвс бил дури шест пати најдобар стрелец во англиската лига и е четврт најдобар стрелец во англиската репрезентација со 44 погодоци. Никој досега во историјата на англиската репрезентација не направил повеќе хет-трикови од Грејвс, дури шест пати.







