Skip to main content

Мал број од охридските училишта го посетиле Златото на Лихнитида

Мал број од охридските училишта го  посетиле Златото на Лихнитида.

 |  Валентина Неловска  | 
zlatna soba

 

Само четвороодделенците и петоодделенците од  неколку основни охридски училишта досега организирано ја посетиле Златната соба во Музејот на Робевци. Во помал број ја посетиле учениците од историските секции во вишите одделенија, додека за поголема органзирана посетеност на ниво на училишта кои ја виделе Златната соба не станува збор. Затоа пак во наставните програми училиштата имаат организирани посети на музеи во  главниот град.

zlatna sobaОд училиштата кои ТВМ ги контактираше повеќето  планираат да ја посетат домашната Златна соба организирано според наставните планови  во мај или јуни идната година. Од друга страна од Завод и музеј не се задоволни од реализираната  посетеност на Златната соба и Галеријата на икони не само од училиштата туку и од домашните и странските гости. Цените на влезниците за овие два објекти во однос на непроценливото културно историско богатство кое го нудат изложените поставки споредени со оние во странските музеи се симболични, напоменуваат од Завод и музеј.

Заклучно со месец септември  Златната соба ја посетиле  5000, а Галеријата на икони 4000 посетители. Од Завод и музеј досега имаат склучено договор за посета од странски туристи со три туристички агенции Фибула, Виспој и Генерал турист, а велат дека им стојат на располагање и на останите агенции за потпишување на посебни договори и давање на попусти за поголеми групи со цел да се зголеми посетеноста на објектите.

залив на коскитеИ понатака на листата на најпосетуван културно-историски објект е Заливот на коските со 40.000 посетители, веднаш зад него е Самоиловата тврдина и Канео со 30.000 посетители.