На состанокот биле присутни претставници на Фенербахче, Макаби, Олимпијакос и Реал Мадрид, претседателот на кошаркарскиот сојуз на Грција, Италија, Шпанија, Турција и челните луѓе на актуелната Евролига.
Предложено е Лигата на шампиони да биде водена од компании чии сопственици би биле најголемите европски клубови (50%) и нивните инвеститори (50%).
Спрема истиот предлог клубовите учесници годишно би поделиле по 30 милиони евра при што во формирањето на клупските буџети би бил обврзувачки финансискиот фер-плеј.
За овој предлог клубовите и националните сојузи се обврзани да се изјаснат за две седмици.