Skip to main content

Директор на МЈП „Проаква“ заработи кривична пријава

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластувања“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 35- годишен стружанец.

 |  Голабовски Крсте  | 
cersma

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластувања“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 35- годишен стружанец.

logo– Пријавениот, во периодот од  јуни до септември оваа година, во својство на директор на МЈП „Проаква“-Струга  во неколку наврати,  со неизвршување на  својата службена должност,  не  организирал благовремена набавка на хлор и други заштитни хемиски препарати за тековното чистење на водите од изворите што се користат за градскиот водовод за Струга и околните населби. Во  текот на август годинава, во полициската станица во Струга примена е заверена изјава од правен субјект дека загадувањата на подрачјето на изворите за питка вода кај селото Шум го врши ресторан кој е бесправно изграден. Според изјавата, покрај загадување на водите за пиење од изворите во селото Шум, загадување се случува и во водите на малата акумулација Езерце која е во склоп на објектите на МЈП „Проаква“ и која е дадена со концесија за користење и одгледување на риби на правен субјект и физичкото лице концесионер од селото Шум, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во периодот јуни-август, екипи од Агенцијата за храна и Центарот  за јавно здравје Охрид, извршиле 18 мерења со земање примероци од изворите за питка вода кај селото Шум. Според нивните анализи, во 6 случаеви, земените примероци вода на 08-21 јули, 19-25 август и 15-21 септември, не одговарале на правилникот за користење на изворски води како  вода за пиење, односно водата била загадена.