Едно лице го загуби живото во реката Црн Дрим
Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на кеј „8 ноември“ во Струга во близина на реката Црн Дри, информираат од СВР Охрид.
Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на кеј „8 ноември“ во Струга во близина на реката Црн Дри, информираат од СВР Охрид.
На лице место починал Невзат М. (48) од Струга. Незгодата се случила во момент кога сега починатиот, управувајќи моторно возило марка „Даеву Нексија“ со струшки регистарски таблици, на кејот започнал да го придвижува возилото наназад. Притоа, се приближил до реката по што возилото излетало и паднало во водите на Црн Дрим. Поради брзината на водата во реката, возилото веднаш било завлечено по течението. Подоцна возилото било извадено од екипи од противпожарната единица и специјално возило на влечна служба. Смртта била констатирана од доктор на брза помош од Струга.
На местото на настанот увид изврши надлежен јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Струга.
По наредба на јавниот обвинител, денес врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и вонреден технички преглед врз патничкото моторно возило.