Skip to main content

Пукање во скопски кличнички, лекарите бараат оставка од Тодоров

Заврши увидот на полицијата и истражен судија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и болницата е отворена за пациенти, по инцидетот кој се случи утринава во 9.30 на Торакална клиника, пренесува „Телма“.

klinicki

klinickiПовредениот хирург  Љубомир Огненовиќ во момемтов е во операциона сала во Клиничкиот центар, информираше за Телма, директорот абдоменална хирургија Александар Караѓозов. Врз него се направени испитување и зафати. За среќа немал големо криварење и состојбата му е добра.

Утрово незадоволен пациент, чија мајка починала, му пукал во нога на докторот  кој бил дежурен.
Полицијата привела три лица, родени 1979, 1981 и 1985 година. Во моментот, на местото на инцидентот е присутна полицијата и го истражува случајот.

Лекарите, поради тоа што се чувствуваат небезбедни во моментов протестираат во амфитеатарот, бараат оставка на министерот за здравство.