Парламентот на шпанската покраина Каталонија денес официјално го покрена 18-месечниот процес за отцепување од Шпанија.
Регионот планира да воспостави автономна власт до 2017 година.
Резолуцијата за отцепување ја поддржале мнозинството на регионалниот парламент. Предлогот поминал со 72 гласа за и 63 против, известува АР.
Резолуцијата ја предложиле пратеници од редовите на алијансата “Заедно ДА” и екстремно левичарската партија Кандидатура на народно единство (CUP) кои победија на локалните парламентарни избори во септември оваа година. Тие се надеваат дека ова ќе доведе до отцепување на оваа североисточна покраина од Шпанија во рок од 18 месеци.
Шпанскиот устав не допушта можност за отцепување на покраините, а премиерот на централната влада, Маријано Рахој, порано најави дека ќе превземе законски мерки доколку парламентот на Каталонија одобри план за отцепување.