Телефонирање во авион ќе е возможно од 2016 година
Оазата без телефони исчезнува
Полека но сигурно се ближиме до денот кога засекогаш ќе се остане без уште едно место на кое не сме изложени на теророт од телефоните.
Бежичната интернет врска први почнаа да ја експериментираат некои американски компании, но трендот зема замав и на европско тло. Некои нискобуџетни компании чија услуга е пооскудна отколку кај класичните авио-компании веќе нудат бесплатни wi-fi , а со таа услуга се рекламира и компанијата на нашиот сосед Air Serbia и од сурфање до телефонирање останува само еден чекор.
Германската Lufthansa онлајн услугите планира да ги воведе од следното лето, а British Airways од средината на 2017 година. Додека едни се радуваат на тоа на други не им е толку драго што оваа оаза во облаците ќе исчезне.
Истражувањето помеѓу илјадници Британци покажало дека практично на секој втор му одговара и во авион да биде достапен, меѓутоа само 18% сакаат телефонирањето да се допушти и за време на летот. Истовремено 44% од испитаниците сметаат дека на летот не треба и не сакаат ниту една од овие можности.


