Skip to main content

Американската зелена карта не е предизвик за охриѓани

Американската зелена карта не е предизвик за Охриѓани. Таков впечаток добивме од одговорот на нашите соговорници кои ги анкетиравме на оваа тема. Сепак, дел од младите охриѓани аплицирале и очекуваат да заминат во државава со надеж дека во Америка ќе живеат подобро.

 |  Николоска Биљана  | 

Еден од начините што граѓаните сакаат да го искористат за заминување од државата е лотаријата за добивање на зелена карта за Америка. Во Охрид постои интерес, но не толку изразен, за оваа лотарија, посебно кај младата популација. Причините заради кои младите охриѓани сакаат да заминат од својот град најчесто се од економски. Вработување и подобар живот е одговорот што најчесто го дадоа нашите соговорници. Но за добар дел од нив Американскиот континент и не е некој предизвик.


Поголем дел од нашите соговорници не сакаа да коментираат пред објективот на ТВМ.
Инаку, со помош на оваа лотарија секоја година илјадници мигранти се доселуваат во Америка. Има случаи кога некои аплицирале и по неколку пати, но не биле извлечени. Искуствата кај овие луѓе покажуваат дека пополнувањето на апликацијата мора да биде правилно и со точни податоци, во спротивно и да бидат извлечени нема да може да заминат во Америка.

Пријавувањето за учество во програмата „Лотарија за добивање иселенички визи за 2015 година“ траеше од 1 октомври до 2 ноември. Како што соопштија од Амбасадата на САД во Скопје, пријавувањето за Лотарија за иселеничка виза  се вршеше по електронски пат за што Стејт департментот на САД отвори посебна веб страница за пријавување. Преземањето на апликацијата за учество од веб-страницата, пополнувањето и испраќањето беше бесплатно. Од амбасадата информираа дека пријавувањето на програмата за добивање зелена карта не гарантира дека апликантите ќе бидат прифатени. ТВМ до ова дипломатско преставништво се обрати со допис за точните податоци околу тоа колку македонци, односно охриѓани годинава аплицирале за оваа програма. Во наредните дена очекуваме одговор за што дополнително ќе ве информираме.

{loadposition content9}