Skip to main content

Од недела поседувајте пропишана зимска опрема

Од недела 15-ти ноември 2015 година стапува на сила обврската за задолжително поседување на пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини.

 |  Голабовски Крсте  | 
zimska

zimskaОд недела 15-ти ноември 2015 година стапува на сила обврската за задолжително поседување на пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини.

Според одредбите од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот задолжителна зимска опрема, моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми треба да поседуваат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4мм или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4мм да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.

Моторните возила со погон на сите тркала (4х4) треба да поседуваат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6мм или летни пневматици со минимална длабочина од 4мм доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина, во случај кога возилото има постојан погон на сите тркала или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.

zimskaВозилата кои имаат маса над 3.500 кг треба да имаат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6мм или доколку возилото има летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4мм, да поседува синџири за снег соодветни на големината на пневматиците. Автобусите и товарните возила кои не можат да постават синџири на тркалата задолжително треба да поседуваат зимски пневматици на погонските тркала како и прирачен алат.

Според Правилникот, зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „МС“, „М+С“, „М&С“ како и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Исто така според Правилникот, во патниот сообраќај не се поставуваат пневматици со клинци.