ОУ „Братство единство“ во Лескајца сеуште има кров со азбестни плочи
Основното училиште „Братство единство“ во Лескајца е покриено со азбестни плочи. Тие секоја година по два пати пуштаат барање до Министерството за образование за да се смени кровот, но сеуште немаат добиено пари за овај проект. Се надеваат дека нареднава година конечно ќе се реши овој горлив проблем.
Основното училиште „Братство единство“ во Лескајца сеуште има кров со азбестни плочи. Тие биле поставени уште пред дваесет години кога се првела чатијата на училиштето кое претходно имало равен кров. Веќе пет-шест години менаџментот на училиштето бара од надлежните институции да се сменат азбесните плочи земајќи го во предвид колку истите се штетни по здравјето на луѓето. Докажано е дека азбестот доколку почне да се распаѓа и од него се создава прашина таа е канцерогена и опасна. Министерството за образование треба да издвои средства од својот буџет за решавање на овој горлив проблем на ова најстаро охридско училиште.
Ние како училиште секоја година по два пати пуштаме барање до министерството за да се смени кровот. Имаме изготвено и проект, направен е премер пресметка колку сето тоа ќе чини и секоја година влегува во буџетот за наредната година да се реализира, но до ден денес не е реализирано, вели Муарем Доко, директорот на ОУ „Братство единство“.
Проектот за сменување на кровот на зградата на училиштето во Лескајца би чинел околу2 милиони денари.. Училиштето за средства се има обратено и до невладината организација ТИКА која има големи фондови токму за вакви проекти, и до организацијата за мешуетничка интеграција на образованието, но и од таму немаат добиено никаков позитивен одговор. Ресорното министерство пак секоја година овој проект го става во акциониот план за инвестиции и се завршува на тоа. Вели Доко.
Ние добиваме само известување од министерството дека овој проект е ставен во програмата за реализација, а реализација никако нема. Еве веќе истекува мојот мандат, а кровот никако да го направиме, вели Доко.
Директорот на училиштето се андева дека нареднава година конечно ќе ги отстранат азбесните плочи и ќе направат кров кој ќе биде од еколошки материјали кои не се штетни по здравјето на учениците и наставниците.
{loadposition content9}