Skip to main content

Прекини во снабдувањето со електрична енергија денес во Охрид

Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 кВ далеководи на преносната мрежа на потегот Ресен- Охрид– Струга, денес, 12- ти ноември, во периодот од 11:00 до 14:00, можни се  повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

dalnovodПоради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 кВ далеководи на преносната мрежа на потегот Ресен- Охрид– Струга, денес, 12- ти ноември, во периодот од 11:00 до 14:00, можни се  повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во тој период снабдувањето со електрична енергија на корисниците од  населените места на територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе се изведува преку алтернативните врски на оваа траса.

Ако има промени во оптоварувањата и зголемена потрошувачка, можни се кратки прекини на испораката на електрична енергија во овие 3 часа, информираат од АД МЕПСО.