Skip to main content

ФИФА ќе го менува форматот на Светските првенства ?

Доколку биде избран кандидатот на УЕФА за претседател на ФИФА ќе се менува форматот на најголемиот бренд

 |  инфодеск  | 

Генералниот секретар на УЕФА, Gianni Infantino, човекот кој таа организација го номинира за претседател на ФИФА предлага, доколку биде избран, зголемување на бројот на репрезентации учеснички на Светските првенства.

“Ќе го зголемам бројот на учеснички од 32 на 40. Верувам во ширењето на Светското првенство врз основа на искуствата кои ги имавме со ЕУРО. Тоа, помеѓу другото, треба да донесе и нова динамика во квалификациите и создавање на нов ентузијазам. Фудбалот мора да вклучи повеќе дружење во најважното фудбалско дружење на светот”, изјавил Infantino.

Неговите ставови ги дели и Michel Platini кој не можеше да биде помеѓу кандидатите поради обвиненијата за финансиските малверзации со Sep Blater.

Потполно е јасно на што цели Infantino со проширувањето на СП. Нему не му е толку грижа за фудбалот колку за поддршката од сојузите кои со проширувањето имаат поголеми шанси да се пласираат на светската смотра, на кои моментално тоа им е значително тешко да го направат.

Guardian пишува дека, ако Infantino победи на претседателските избори во ФИФА, првото СП на кое би настапиле 40 репрезентации е тоа кое ќе се одржи во 2026 година.