Skip to main content

Конечно Охрид добива базен

Почна реализацијата на најзначајниот проект за Охрид во последните десетина години. Благодарение на заложбите на градоначалникот Бакрачески, Охрид конечно ќе добие затворен пливачки базен. Огромен е бенефитот како за спотистите, така и за целокупното население во овој регион.

 |  Николоска Биљана  | 

Отпочнаа градежните активности за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид. Градоначлникот на Охрид Никола Бакречески, заедно со неговиот тим и стручните служби во Локалната самоуправа успеаа за година и пол  да остварат едно големо ветување дадено на граѓаните на Охрид, да реализираат  еден од најкапиталните проекти за градот во последниве десеттина години. Со овој проект ќе се врати духот на водените спортови, пливањето и ватерполото.
Како што истакна Бакрачески, изминатиов период успеале да ги подготват сите потребни документи, од урбанистичко плански документации, постапки, за да се дојде до денешниот ден, удирање на камен темелникот за затворениот пливачки базен.


„Денес Охрид не добива само еден обичен базен, туку добива еден од најсовремените пливачки базени во Р Македонија и пошироко и во архитектонска смисла и во техничко технолошка смисла. Добиваме решение, кое што несомнено ќе ги отслика потребите не само на пливачите и рекреативците, туку и на сите оние сладокусци на убавите градби и на техниката и технологијата во Р. Македонија“ – нагласи градоначалникот Бакрачески.

Стартот на градежните работи околу затворениот пливачки базен ќе го оствари вековниот сон на охриѓани и на генерации спортисти и рекреативци на Охрид, кои сонуваа градот да има покриен базен, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

„Целта е една, да се создадат нови генерации на пливачи кои ќе продолжат да пливаат по патеките на славните охридски имиња од овој спорт. Убеден сум дека со реализацијата на овој капитален спортски објект кој беше повеќедецениско барање на жителите на општина Охрид и целиот овој регион ќе успееме да ги реинкарнираме спортовите по коишто Охрид беше познат не само во РМ, туку и пошироко а тоа се пливањето и ватерполото“

Проектот предвидува објектот да има два базени, фитнес клуб, продавница за спортска опрема, комерцијален и административен простор, кафетерија, спа и велнес центар и голем подземен магацински простор. Ќе се гради по стандарди и технологија за базенски корита, која досега не е применета на ниту еден ваков објект во Македонија, а ќе биде и енергетски ефикасен со инсталирана соларна опрема и геотермални пумпи кои ќе го направат неговото користење во зима поевтино.
Инаку, инвестицијата околу изградбата на затворениот пливачки базен е вредна 298 милиони денари, или околу пет милиони евра, а изградбата треба да заврши за 30 месеци.
На денешната свеченост по повод отпочнувањето со градежните работи за изградба на затворениот пливачки базен присуствуваше и претседателот на Владата на РМ Никола Груевски и дел од неговите соработници.

{loadposition content9}