Како до парите од европските фондови
Како да се искористат парите од европската унија беше темата на средбата на заедничкиот консултативен комитет за регионот на ЕУ и Македонија.
Ерван Фуере

На денешната заедничка средба на заедничкиот консултативен комитет за регионот на ЕУ и Македонија, се разменаа искуства како да се искористат средства од европските фондови. На средбата покрај македонски преставници од локалните самоуправи, министерот за локална самоуправа , шефот на на мисијата на ЕУ Ервен Фуере , учествуваа и преставници на локалните самоуправи од Грција, Данска и Германија.
Акцент на денешниот втор состанок беше ставен како Македонските општини со програми и заедничка соработка да ги искористат ИПА фондовите рече ресенскиот градоначалник, Димитар Бузлески.
Министерот за локална самоуправа Муса Џафери даде подршка на Комитетот и укажа на потребата од зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи во регионот и создавање на солидарност помеѓу општините.
Членот на заедничкиот консултативен комитет на регинот на ЕУ , Бодкер Андерсен истакна дека го подржуваат членството на Македонија во ЕУ , но потенцира дека Комитетот не се занимава со оваа прашање.
Комитетот на региони на ЕУ е тело кое во кое членуваат преставници од локалните власти на земјите членки на Унијата. Заедничкиот консултативен комитет, пак е тело преку кое локалните власти во Р.Македонија како земја кандидат ја оставруваат соработката со Комитетот на региони на ЕУ.
На денешната заедничка средба на заедничкиот консултативен комитет за регионот на ЕУ и Македонија, се разменаа искуства како да се искористат средства од европските фондови. На средбата покрај македонски преставници од локалните самоуправи, министерот за локална самоуправа , шефот на на мисијата на ЕУ Ервен Фуере , учествуваа и преставници на локалните самоуправи од Грција, Данска и Германија.
Акцент на денешниот втор состанок беше ставен како Македонските општини со програми и заедничка соработка да ги искористат ИПА фондовите рече ресенскиот градоначалник, Димитар Бузлески.
Министерот за локална самоуправа Муса Џафери даде подршка на Комитетот и укажа на потребата од зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи во регионот и создавање на солидарност помеѓу општините. Членот на заедничкиот консултативен комитет на регинот на ЕУ , Бодкер Андерсен истакна дека го подржуваат членството на Македонија во ЕУ , но потенцира дека Комитетот не се занимава со оваа прашање.
Комитетот на региони на ЕУ е тело кое во кое членуваат преставници од локалните власти на земјите членки на Унијата. Заедничкиот консултативен комитет, пак е тело преку кое локалните власти во Р.Македонија како земја кандидат ја оставруваат соработката со Комитетот на региони на ЕУ.
{loadposition content9}