Skip to main content

Автономниот автомобил на Google го запре полиција

Овие автомобили досега поминале 1,2 милиони километри и никогаш не биле казнети

 |  инфодеск  | 

Освен самата технологија, еден од најголемите проблеми на автомобилите без возач, односно возилата кои ги управуваат компјутери е тоа кој ќе сноси одговорност во случај на сообраќајна несреќа.

Колку може компјутерот кој го управува возилото да биде опасен покажал примерот на автомобилот на Tesla – иако можат да се прочитаат бројни пофални текстови за овој софтвер сепак еден корисник кој објавил видео на YouTube покажува како го поставил автопилотот на возилото, а во еден момент возилото преминало на другата страна од лентата од која му доаѓа друг автомобил. Доколку не реагирал возачот сигурно би дошло до судар, а токму поради вакви ситуации Tesla предупредил дека рацете на возачот мора секогаш да се на воланот бидејќи станува збор за софтвер кој се тестира.

Но, по ситуацијата во која се нашол автомобилот на Google може да се постави уште едно прашање – кој ќе биде виновен доколку во иднина компјутерот не застане на знак од полицијата. Имено, на интернет се појави фотографија на која полицаец на мотор го запрел тестниот автомобил на Google затоа што се движел преспоро.

Брзината на прототипот на овие автомобили е ограничена на 40 км на час, што го, како и необичниот изглед на ова возило, привлекло вниманието на полицаецот кој го запрел и предупредил. Оваа ситуација ја напоменале и на официјалниот блог на полицијата од Mountine View на кој напишале дека автомобилот е запрен поради споро возење, но со оглед дека автомобилите на Google имаат дозвола да се движат во сообраќајот во зоните каде ограничувањата се до 56 км на час, немало потреба од казна.

Коментирајќи ја оваа фотографија од Google се пофалиле дека нивните автомобили до сега извозиле околу 1,2 милиони километри и никогаш не биле казнети.