Skip to main content

Што се случи во Париз?

По терористичките напади во Париз, во кои загинаа 129 луѓе, фокусот е на истрагата. Првиот идентификуван терорист е Омар Исмаил Мостефаи, 29-годишен, со алжирско потекло, а израснат во Франција.

bataclan

bataclanПо терористичките напади во Париз, во кои загинаа 129 луѓе, фокусот е на истрагата. Првиот идентификуван терорист е Омар Исмаил Мостефаи, 29-годишен, со алжирско потекло, а израснат во Франција.

Тој бил еден од тројцата напаѓачи во концертната сала Батаклан, каде загинаа најмногу луѓе. Неговото идентификување е направено преку откинат прст пронајден во Батаклан. Омар Исмаил Мостефаи бил осудуван 8 пати меѓу 2004 и 2010 година, но никогаш не бил во затвор. Бил во списокот fiche S (за лица кои претставуваат потенцијална опасност за националната безбедност) од 2010 година.

Уште две имиња се споменуваат во медиумите како можни терористи во париските напади, но без финална потврда од институциите. Според извори од судско-медицинската екипа, двајца од терористите биле на возраст од 15 и 18 години.

bataclanФранцуски Фигаро пишува дека три пушки Калашников се најдени во едно од возилата на терористите откриено во источно предградие на Париз, а париското обвинителство соопшти дека ова оружје било користено во нападите во рестораните и кафетериите во 10 и 11 реон на Париз. Покрај ова возило, најдено е уште едно (исто така во источно предградие на Париз), што значи дека некои од терористите можеби успеале да избегаат.

Белгиската, пак, полиција приведе тројца осомничени дека се поврзани со нападите во Париз.

Сопственикот на сирискиот пасош, најден до телото на еден од напаѓачите, минал во октомври низ Србија, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија. Тој на 7 октомври го поминал граничниот пункт Прешево, каде поднел молба за статус на бегалец. Проверките покажале совпаѓање меѓу ова лице (со иницијали А.А., според српски Блиц името е Ахмед Алмохамед) и лицето кое на 3 октомври влегло во Грција.