Охриѓанец реагира на различните цени по кои се продаваат гробните парцели
Охриѓанец реагира на различните цени по кои се продаваат гробните парцели.
Охриѓанец се жали на превисоката цена од 36.000 денари за купување на гробна парцела во ЈП Градски гробишта. Оваа цена е за гробните парцели во муслиманскиот дел веднаш на самиот влез од гробиштата, напоменува граѓанин. Вели дека ќе покрене иницијтива пред уставниот суд за превисоката цена. Додава дека му смета и тоа што уплатите за гробните места не може да ги изврши преку банка, туку мора да уплаќа во јавното претпријатие и за тоа добива сметкопотврда.
„Во муслиманските гробишта има дискриминација. Поголем дел од гробните места имаат една цена од 300 евра, а друга парцела се наплаќа по 600 евра“, реагира охриѓанец.
Зоран Симоноски, директорот на ЈП Градски гробишта ги отфрла овие обвинувања. Тој појаснува дека цените на сите услуги на претпријатието кон граѓаните и локалната самоуправа се во огаласност ценовникот донесен на Управен одбор на претпријатието, а потврден од Советот на општина Охрид. Гробните места и во христијанскиот и во муслиманскиот дел се со различна цена, па граѓаните може да избираат поефтини или поскапи гробни места.
„ Во конкретниот случај, за поскапување на гробните места во муслиманскио дел јас можам да кажам дека дека тоа е со долука на Управниот одбор од 15.12.2011. Донесен е ценовник каде што парцелата М2 која се води под наша шифра е со цена од 31.000 денари без ДДВ, цена што јас сум ја наследил и таква останала,“ вели Симоноски.
Симоноски појаснува дека на крај од 2013 година извршено е 15 посто намалување на сите гробни места со корекција на ДДВ-то. Симоноски ги отфрла и тврдењата на граѓанинот дека не може да се плаќа преку банка.
„Не е точно. Може да видите дека на сметките за гробарина и на фактурите постојат жиро сметки на банките, и граѓаните може да плаќаат во банка на тие жиро сметки. Некои граѓани носат готовина на благајна, ние издаваме сметкопотврди и фискална каса, а потоа изготвуваме и фактура како финансиско задолжување согласно законот за финансии“, посочува Симоноски.
Цените на гробните парцели во муслиманскиот дел изнесуваат 15.850,00 ден плус ДДВ, односно, 31.000,00 денари плус ДДВ за гробни места на влезот од гробиштата. Во христијанскиот дел пак, парцелите се продаваат по многу повисоки цени и тоа 31.000, 00 денари плус ДДВ, односно 84.300,00 плус ДДВ за гробни места кои се наоѓаат на самиот влез од градските гробишта.