Skip to main content

Охридските гејмери конечно добија место каде ќе можат да тренираат по светски стандарди

Добро познатата кантер страјк екипа од Охрид, Ентити, создаде вистинска Мека за сите љубители на електронските спортови.

 |  Мишел Наумоски  | 
gaming house

Добра компјутерска конфигурација и супер брза интернет конекција е сонот на секој гејмер кој сериозно се занимава со некој електронски спорт. Охридските гејмери веќе не мора да сонуваат. Тие од вчера го имаат првиот гејминг центар во кој можат да тренираат напорно и да стигнат до самиот врв на електронските игри во светски рамки. Нашата најпозната counter strike дружина која жари и пали на светските гејмерски турнири, момците од Entity, го создадоа она што според нив им недостигало додека тие го граделе својот пат до успехот во електронските спортови. Јован Каланоски, капитен на Entity, вели дека кај нив отсекогаш постоела желба да има некое такво место во кое тие ќе може во најдобри можни услови да тренираат и да се усовршуваат, но за жал тоа не го имале. 

entity gaming house“Мораше да постои еден ваков центар каде што имаме многу добра конекција со интернет и многу добри компјутерски перформанси, во спротивно ние секогаш ќе сме чекор назад со светските екипи, со нашите противници секогаш играме со еден мал хендикеп, нивната конекција е многу брза, нивните компјутери се многу подобри, така да тие што ги разбираат игрите, во текот на играта, во натпреварот ја чувствуваат таа разлика и секогаш сме имале дефицит, никако не сме можеле да ги поминеме на рангот тие познати светски екипи баш заради тие недостатоци што сме ги имале ние. Мислам дека со овој потег што го направивме сега мислам дека ја елиминиравме и таа препрека и ќе имаме многу подобри услови да се натпреваруваме и против нив.”-вели Јован Каланоски од Entity Gaming House.

Во нивниот гејминг центар, момците од Entity ќе имаат и самите услови за одличен тренинг, но истите услови ќе ги имаат и сите млади гејмери кои сакаат сериозно да се занимаваат со електронски спортови, а кои имаат можност да се зачленат во Entity клубот.

entity centar“Ќе се организираат голем број на настани, од типот на натпревари, дружења, подготвувања. Сакаме да оформиме тимови во што е можно повеќе електронски спортови, во што е можно повеќе видео игри, сега имаме екипа во Counter Strike, во блиска иднина сакаме да направиме екипа во Dota 2 која што е многу позната игра, да направиме еден тим во Dota 2, имаме League of Legend, многу позната светска игра, а и децата доста ја обожаваат, така да сакаме да направиме екипи во повеќе дисциплини, кои во иднина би се подготвувале тука и секако со поддршка од нас, некои спонзори да учествуваат на светски настани.”-рече Каланоски.

Во моментов, во Entity Gaming House има дваесет компутери со одлични перформанси, а во блиска иднина нивниот број ќе расне, дополнително ги имаат и најновите Play Station 4 конзоли. Каланоски вели дека немаат ограничувања за тоа кои видео игри ќе се тренираат, и доколку некоја гејминг екипа има потреба од конкретна игра за некој настап на турнир, истата ќе им биде овозможена.