Малите охридски танцови волшебници од Соната, вистински хит на најмасовниот Денс фест-Србија
Децата од Соната од таму се вратија со две злата и едно сребро, но и со прекрасни искуства. Велат дека тешко е да се опише атмосферата на овој натпревар, но и задоволството кај дечињата од успехот на ова прво нивно претставување на Денс Фест во Нови Сад.
Танчерите од охридското студио Соната вистински хит на едно од најголемите натпреварувања во танц во Источна Европа, Денс фест Нови Сад. Тие за прв пат земаат учество на овој масовен натпревар и со своето кратко искуство што го имаат, но со полната енергија со која работат успеале да се покажат како едни од најдобрите балкански клубови за танц. Даниел Наумовски, од Соната денс клубот вели дека се чувствуваат навистина горди што успеале да се натпреваруваат со некои од најдобрите клубови од европа, да се појават на огромната сцена во Нови Сад и притоа и да се вратат со медали од таму.
“Се вративме со две злата и едно сребро, освоивме злато во категорија хип-хоп соло, за малите деца, за кидс, освоивме за мини кидс прво место во категоријата модерни танци, и второ место освоивме во една страшно силна конкуренција помеѓу натпреварувачи кои што еве сега е многу популарно едно шоу кое се емитува на Пинк телевизија, кое што го гледаме постојано. Тука освоивме второ место во опен категорија, слободно танцување, оставивме клубови зад нас кои што долго време работат и имаат извонредни успеси не само на европски натпревари, туку и на светски првенства биле први, втори, трети, сите тие ги оставивме позади нас, беа трети, четврти, петти, и не знаете какво е чувството.”-вели Даниел Наумовски од “Соната” клубот за танц од Охрид.
Освен освоените медали кои навистина говорат за потенцијалот на младите танчери од Соната, Наумовски вели дека од Нови Сад си доаѓаат и со склучено одлично пријателство со Мастер денс клубот од Нови Сад, еден од најдобрите клубови во Србија. За скоро време најавуваат и посета на едно врвно танчерско име во Охрид.
“Публиката која што е во Охрид можеби не знае, најплатениот танчер на планетата Салах, човекот кој што доаѓа, кој се вика Дарко е единствениот кој што успеал да го предизвика да се натпреварува во танц против него. Sвер од човек, и се нафати да работи со нашите хип хопери, што сме навистина горди затоа што кога ги виде како танцуваат, веднаш посака да работи со нив и веќе сме во преговори, се договараме, некаде пред Нова Година, една недела комплетно ќе им се посвети на децата од Соната, на хип-хоперите и тоа не на сите, рече јас ќе ги селектирам оние кои што сакам да ги видам, што е сосема нормално и тоа е нешто на кое најверојатно и најмногу сме горди на некој начин. “-рече Наумовски.
За масовноста на натпреварот во Нови Сад говори фактот што годинава, на него учествувале околу 3000 танчери, меѓу кои и нашата охридска екипа од Соната клубот за танц од 27 дечиња. На Денс Фест Нови Сад, меѓу другите, се натпреварувале и танчери од Италија, Романија, Германија, Шпанија, Бугарија, Грција.