Охриѓани со различни предлози за уредување на новиот кружен на Туристичка
Охриѓани со различни предлози за уредување на новиот кружен на Туристичка.
Градежните работи околу изградбата на современиот кружен тек како сообраќајно решение во централното градско подрачје се привршуваат. Граѓаните се љубопитни, а некои од нив имаат и свои предлози и идеи како да се уреди внатрешниот дел на новиот кружен тек. Има бројни размислувања за кружниот тек да биде урeден со фонтана, зеленило или препознатливи обележја од Охрид.
Од Локалната самоуправа не откриваат детали како ќе изгледа современото решение за овој простор, но очекуваат тоа да биде оформено пред пролетта. Љупчо Танески од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици напоменува дека по завршување на градежните активности, ќе се пристапи кон конкурс за идејно решение за уредување на овој дел.
„ Од секторот за комунални дејности, сообраќај и улици од активностите кои се преземаат заедно со секторот за урбанизам е во фаза изработка на идејно решение за соодветно спомен обежје. Тоа ќе биде реперезнт на центарот за градот но подетално во деновите кои следуваат“, напоменува Танески.
Танески открива дека кружниот тек ќе биде раскошно осветлен. Осум електрични столбови ќе бидат надвор од кругот, а лед светилките ќе бидат соодветно поставени по дијагонала од сите 4 страни, па целата крстосница ќе биде соодветно осветлена.