Еко бусот пристигна во охридското ОУ „Христо Узунов“
Еко бусот пристигна во охридското ОУ „Христо Узунов“.
Еко караванот на Пакомак пристигна во Охрид. Основците од Христо Узунов се првото охридско училиште кое се вклучува во проектот. Првоодделенците од ова училиште денес преку забава научија како да ја заштитат животната околина.
Еко караванот досега посетил над 60 основни училишта во Македонија и вклучил голем број ученици , напоменува Ивица Маринковиќ, попознат меѓу децата како Ивце Пивце.
„ Денес е прв ден и овој проект е со цел да се едуцираат децата за рецеклицирање. Селектирање, а потоа и рециклирање, да не ни се трупа отпадот туку да успее да го рециклираме. Почнуваме со најмалите а како најпогодни за едукација кои понатака ќе ги убедуваат и возрасните да го применуваат тоа кое е важно не само за децата туку и за целото општество“, ја појаснува Маринковиќ целта на патувачкиот караван на Пакомак.
Директорот на ОУ Христо Узунов, Тони Симоноски, напоменува дека нивното училиште активно се приклучува кон овој еко караван. Учениците од прво до петто одделение со голем интерес се вклучија во проектот со 3 д презентација со кој се едуцираа децата од областа на екологијата.
„ Пред се се состои од предавање и квиз кој го води познатиот водител Ивце Пивце. Оваа акција не е прва сме имале и други слични акции со Пакомак, како што е собирање на стара хартија и пластика. Пакомак ни има донирано и контејнери за фрлање и селектирање на отпад“, посочува Симоноски.
Со еко караванот на Пакомак, една од најнаградуваните општествено одговорни компании во земјава од Министерството за финансии, ќе бидат опфатени над 500 основци од Христо Узунов и од другите охридски училишта. Досега со овој проект се опфатени над 24.000 деца од училиштата од Македонија. Караванот досега ги посетил училиштата во Штип, Битола, Прилеп, Крушево, а по Охрид ќе патува и во Неготино, Кавадрци и Струмица.