Skip to main content

Жените жртви најчесто на психичкото семејно насилство

Жените жртви најчесто на психичкото семејно насилство.

 |  Валентина Неловска  | 
nasilstvo

Многу жени без разлика на општествениот статус  трпат семејно насилство.  Жените трпат физичко, психичко, економско и сексуално насилство напоменуваат од  ЖЦ Бисера. Нада Мартиноска претседател на центарот напоменува дека семејното насилствонасилство постои иако на  негово спречување работат од 1998 година. Соработувале со многу институции и се направени многу промени но сепак во Охрид нема шелтер центар за прифаќање на жртвите па жените се препраќаат во други градови, подвлекува Мартиноска.  СОС линијата во нивниот центар по 15 години функционирање е згасната веќе една година.

„ Ние како невладина организација не успеавме, сакавме, конкуриравме, баравме помош од бизнис секторот и локалната самоуправа и на други начини но без успех. Неможеше да функционира без финансиски средста и моравме телефонот да го исклучиме“, вели Мартиноска.

Во сите овие изминати години напредок има во промена на состојбите. Денес жените отворено зборуваат за проблемот и бараат помош. Ние соработуваме со сите институции кои се грижат за спречување на семејното насилство. Во таа насока Сојузот на жените на РМ преку сите нејзини членки направи проблемот да е видлив. Ги вклучивме сите институции за насилството да се третира на ниво на држава и се  промени  законската регулатива, наведува Мартиноска.  

охрид„ Денес државата се грижи за проблемот кој како невладина органзиација успеавме да го наметнеме. Проблемот постои иако има добри закони меѓу кои е насилникот да се одстрани од домот по пријавата на жената и децата иако куќата или станот се негови. Постојат добри закони кои треба да се имплементираат“, посочува Мартиноска.   

Годинава на вратата на женскиот центар Бисера  помош побарале  4 жени жртви на семејно насилство, од кои една била жртва на економско насилство, напоменува претседателката на центарот Нада Мартиноска. Таа посочува дека на врвот меѓу насилствата е психичкото насилство врз жената. Во светот се одбележува меѓународниот ден на семејното насилство, кон кое ќе се приклучи и нивниот центар. Годинава денот се одбележува под мотото  „16 дена борба против насилството врз жената и девојчињата“. Започнува од денес,  а ќе трае до 11 декември.