Нерасчистени сметки помеѓу двајцата другари причина за двојното убиство во Император
Долг од 4500 евра и нерасчистените сметки меѓу двајцата другари кои работеле нелегални бизниси во Холандија причина за двојното убиство кое се случи лани во август месец во ресторанот Император, според исказот на првообвинетиот во случајот. Таа кобна вечер Бојан Петрески со пиштол го уби Ромео Гузелоски и сопственикот на ресторснот Васил Ристески. Денес пред Основниот Суд во Охрид се одржа шестото рочиште за двојното убиство во Император.
Немав намера да пукам во Ромео Ѓузелоски ниту во било кој друг човек, отидов да си ги побарам парите што ми ги должи, изјави Бојан Петрески првообвинетиот во случајот на двојното убиство во Император. Денес во Основниот суд во Охрид се одржа главна расправа од овој случај каде се вршеше распит на двајцата обвинети. Првообвинетиот раскажа дека при обид да си го побара долгот од сега починатиот Ромео, тој ја подигнал кошулата со цел Бојан да види дека носи пиштол и му се заканил дека ќе го убие. Веднаш потоа на терасата од ресторанот започнала тепачка при што се скршила стаклената маса. Ромео со стакло го нападнал Бојан и за влакно како што раскажа Бојан не го прободил во вратот. Понатаму обвинетиот тврди дека во самоодбрана го одзел пиштолот на убиениот и во самоодбрана пукал. После тоа не се сеќавал на ништо друго, се бранеше дека дури не знае како го убил сопственикот на мотелот Васил Ристески.
Не чуствувам никаква вина и не му помогнав на првообвинетиот, за случајот на двојното убиство во Император, изјави второобвинетиот Ристе Силјаноски (31) кој се товари за помагање на сторител по извршено кривично дело.
„Јас во својство на бранител на второ обвинетиот Ристе Силјаноски сметам дека во текот на постапката од изведените докази, а и од тоа што денес Ристе Силјаноски ќе докажеме негова невиност со оглед на фактот и околностите под кои што Ристе преземал некои дејствија а за кои се терети дека го сторил кривичното дело“ -вели Цобоски.
Двојното убиство се случи на 21 август минатата година, во ресторанот на угостителскиот објект „Император“ на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, кога со огнено оружје смртно беа застрелани сопственикот на ресторанот Васил Ристески (56) и лицето Ромео Ѓузелоски (38), и двајцата жители на Охрид. Првообвинетиот после убиството беше во бегство, во соседна Албанија, каде после шест месеци беше приведен и екстрадиран во земјава. Денеска нему му беше продолжена мерката притвор, а завршните зборови во овој процес судијката Билјана Белеска Пројкоска која го води случајот ги закажа за 10 декември годинава.
{loadposition content9}