ЈП Градски Пазар Охрид издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни и Божикни украси
По повод Новогодишните празници ЈП Градски Пазар Охрид и оваа година ЈП Градски пазар ќе издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни и Божикни украси.
По повод Новогодишните празници ЈП Градски Пазар Охрид и оваа година ЈП Градски пазар ќе издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни и Божикни украси на веќе познатата локација, плоштад „Крушевска Република“ (Стар чинар). А исто така ќе се постават и тезги на новиот плоштад кај Мини маркет. Тезгите ќе бидат поставени од 10.12.2015 год.
Огласот е отворен од 30.11.2015 за којшто веќе има заинтересирани закупувачи и ќе трае до 04.12.2015год. За дополнителни информации заинтересираните лица можат да се обратат во просториите на Јавното претпријатие на Бул. „Туристичка“ 79 или на тел 046 266 600.