Се подготвува терен за асфалтирање на ул „Сирма Војвода“
Општина Охрид активно продолжува со реализација на капитални проекти за асфалтирање на улици во градот и населените места. Од вчера се расчистува теренот за асфалтирање на крак од ул „Сирма Војвода“. Со тоа ќе се надмине долгогодишниот проблем на жителите на овој потег кои газеа по раскопана улица и кал до колена.
Се решава деценискот проблем на жителите на ул „Сирма Војвода“ во Охрид. Овој раскопан, каллив и проблематичен потег наскоро ќе заличи на вистинска улица, асфалтирана со уредна тротоарска површина и осветлена. Машините веќе се на терен, во моментов како што појасни гласноговорникот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески се подготвува теренот за големиот зафат. Додаде дека бидејќи станувало збор за поголем обем на работа, градоначалникот Никола Бакрачески решил на реконструкцијата на оваа улица да и даде поголем приоритет.
„Во текот на вчерашниот ден отпочнаа градежните активности на терен на кракот од ул „Сирма Војвода“ и првоначелно градежните активности се насочени кон чистење на дел од улицата кој ќе биде предмет на реализација односно реконструкција очекуваме во текот на оваа работна недела доколку посчлужат временските услови теренот односно делот од улицата што ќе биде предмет на асфалтирање да биде комплетно исчистен по што ќе се пристапи кон следната фаза од реконструкција а тоа е тампонирање за на крај истата да биде асфалтирана“
Реконструкцијата на проблематичниот крак на ул „Сирма Војвода“ беше наследен проблем и години наназад ветуван дека ќе се реализира, вели Танески. Додава дека денес, конечно сме сведоци како до израз доаѓа сериозниот пристап на работа на оваа Локалана самоуправа која ја води градоначалникот Бакрачески.
„Овој проект се реализира исклучиво со средства од буџетот на општина Охрид предвидени во рамките на годишната програма на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици и реконструкцијата на оваа улица е дел од реализација на годишната програма и дел од реализација на тендерот за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички на територијата на општина Охрид“
Како што најави Танески, после новоогодишните празници овој дел од улицата соодветно ќе биде осветлен, а исто така планирано било да се асфалтираат и неколкуте тесни улички од овој крак. Според најавите на Танески по се изгледа конечно се надѕира крај на проблемите на жителите на овој крак кои неколку пати преку нашиот медиум ги повикаа надлежните да им го решат проблемот.