Skip to main content

Охридскиот совет за безбедност во сообраќајот ги слушна потребите на глувите лица за поголема безбедност на улиците

Охридскиот совет за безбедност во сообраќајот ги слушна потребите на глувите лица за поголема  безбедност  на улиците.

 |  Валентина Неловска  | 
општински совет

 Избледени пешачки премини, злоупотреба на паркинг местата обележени за лицата со инвалидитет, како и  немање тротоар и неосветлена улица кон хотелот Извиднички се оссамо дел од сообраќајните проблеми кои ги мачат глувите и наглуви лица од Охрид. Сепак тие се задоволни што општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот за прв пат дојде и ги слушна нивните проблеми во сообраќајот.

„Проблеми има  за пешаците со обележување на патеките, паркирањето и апел до возачите да возат побавно. Тешко е да си пешак, а уште потешко да си глув пешак. Задоволни сме од оваа средба, вели Ленка Климоска од Здружението за глуви и наглуви лица од Охрид.

Преставниците од Општинскиот совет за безбедност ги ислушаа проблемите, но и предлозите кои ги имаа глувите и наглувите лица како учесници во сообраќајот. Целта е да пристапиме кон решавање  на забалешките и да направиме побезбеден сообраќај  за нив ,   вели претседателот на општинскиот совет Стефан Димоски.

ос„Се обидовме да ги лоцираме сите делови од градот каде што има посебно движење на глуви и наглуви лица да се подобри нивното движење како пешаци, моторциклисти велоспипедист за да се подигне степенот на безбеднсот на овие лица во  Охрид,  истакна Димоски.

Проблемите со кои се соочуваат глувите и наглуците лица  ќе бидат проследени до повеќе надлежни општински и државни институции за да се олесни движењето и безбедноста на овие лица во сообраќајот.