Skip to main content

ОО Црвен крст го одбележа денот за заштита од ХИВ/ Сида

 ОО Црвен крст го одбележа денот за заштита од ХИВ/ Сида.

 |  Валентина Неловска  | 
ck

На информативен пункт на плоштадот кај чинарот OO на Црвен Крст го одбележа денот за заштита од хив/сида. Волонтерите на организацијата делеа информативен материјал  за заштита од ова сексуалнопреносливо заболување. Акциите од овој вид се наменети кон младата популација , напоменуваат волонтерите од  охридскиот ЦК.

ck„Најголемата едукација за сексуалните преносливи болести се одржуваат во Црвен крст и во основните и средните училишта. Обрнуваме внимание на децата и младите  од 13 до 25 годишна возраст.Волонтерите ги пренесуваат сите превентивни мерки против сексуално преносливите болести“, истакна волонтерот Симона Ситникоска.

За еден час од поставување на штандот десетина  охриѓани се подложија на бесплатното тестирање на ХИВ СИДА. Претежно интерес за тестирањето има од младите охриѓани , напоменува волонтерот Ѓоко Маркоски.

„ За среќа бројот на ново регистрирани случаи на територија на Охрид е намалена воспоредба со лани. Наше мото е да дојдеме до 0 нови случаи заразени од  ХИВ и затоа се обраќаме кон едукација на населението и на учениците“, вели Маркоски.

цкНа теритроија на Општина Охрид досега се регистрирани 9 случи на ХИВ од кои 8 лица починале.