Судската администрација и вработените во управата излегуваат на штрајк
Со двочасовен предупредувачки прекин на работата ќе побараат итни измени во законот за судска служба. Протестот започнува наутро, кога судските службеници ќе ги напуштат работните места и ќе излезат пред институциите. Синдикатот смета дека законот кој е на сила е недоречен, набрзина донесен и неприменлив на терен. Бараат намалување на високите казни, и измени во начинот на оценување на работата на службеникот.

Здружението на судска администрација и синдикатот обвинуваат дека не само што не биле повикани во изготвувањето на постоечкиот закон, туку воопшто власта немала слух за нивните забелешки и обиди за средба и договор.
Со утрешниот предупредувачки штрајк не се опфатени само судиите. Синдикатот на УПОЗ уште за време на усвојување на новите законски решенија, регираше дека тие се ригорозни и неприменливи.