“Имаме докази. Ќе почнеме да ги откриваме на светот”, рекол Таип Ердоган во говорот пред синдикалистите во Анкара, наведувајќи го и името на бизнисменот George Hasvani, “кој поседувал руски пасош”.
Исто така, Ердоган ги осуди “неморалните” обвиненија врз своето семејство кое во средата Русија ги упати кон него и кон семејството, а кои велат дека тие се “турска политичка класа, меѓу кои е и претседателот Ердоган и неговото семејство” и се вмешани во илегална трговија со нафта.
“Русија мора да приложи докази за такви обвиненија…оние кои го вклучуваат моето семејство како неморално”, рекол Ердоган.