Skip to main content

Охридските инвалиди на трудот разговараа за нивните секојдневни предизвици

Помагање во подобрување на законската регулатива, подобра заштита и помош на семејствата на лица кои се трудови инвалиди.

 |  Мишел Наумоски  | 
invalidi na trud

Помагање во подобрување на законската регулатива, подобра заштита и помош на семејствата на лица кои се трудови инвалиди. Ова се само дел од целите и заложбите на охридското здружение на инвалиди на трудот со цел унапредување на правата на трудовите инвалиди. Претседателот на ова здружение, Климо Димоски вели дека она што е особено значајно за нив е ефектуирање и ставање во пракса на законите кои постојат за заштита на нивните права.

zdr. invalidi na trudot“Настојуваме комплетно да ги заштитиме сите инвалиди, нормално не сакајќи да има нови инвалиди, но кога веќе ќе настане инвалидно лице, ние се заложуваме да му помогнеме  не само на лицето со инвалидитет туку и комплет и на семејството на тоа лице. Особено големо внимание посветуваме на младите лица во семејството на лице со инвалидитет.”-вели Климо Димоски-претседател на Здружение на инвалиди на трудот.

Денес членовите на здружението на инвалиди на трудот од Охрид имаа една мала закуска како би продискутирале за нивните секојдневни предизвици, перспективите и степенот на заштита на нивните човекови права.