Охридскиот факултет за туризам гоодбележа својот јубилеј, 45 години
Јубилеите се момент да се присетиме на минатото и да кажиме нешто за визиите за иднината. Денес на 45 годишнината од формирањето на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, беше пренесено дека оваа установа прва ги проширила студиските програми од туризам во услужна дејност, што денес претставува најперспективен сектор во светската економија, со најбрз раст.
Во изминативе четири и пол децении на ФТУ Охрид, поминале повеќе од 6000 студенти од сите студиски програми. Денес добар дел од нив се кадар на високи позиции во Владата на РМ, Царинска управа, Агенцијата за супер визија во осигурување, како и во голем број шпедиции, хотели низ цела држава. Ова денеска на Свечената академија по повод 45 годишниот јубилеј го истакна првиот човек на Факултетот деканот, проф.Цветко Андрески.
„ФТУ ги има сите три циклуци на студии, има голем број на истражувачи кои што навистина се признати пошироко и можам да кажам дека ги има сите атрибути кои што треба да ги има една високообразовна институција. Се разбира ние и понатаму ќе работиме на повисоки стандарди, квалитет, поголема посветеност на студентите и се надевам дека до тие резултати ќе стигнеме“ – вели Андреески.
Не скршнаваме од основното мото на нашиот Универзитет, „Традицијата продолжува“, истакна Сашо Коруноски, ректорот на Универзитетот „Св Климент Охридски“. Тој потсети дека Факултетот за туризам е првата високообразовна институција која ги продолжи Климентовите стапки на оформување високообразовен кадар во овој град.
„ФТУ е специфичен што е еден од првите факултети на Балканот кој што се занимава исклучително со проучување на туризмот. Денес ги има многу, но во далечната 70 та година ние бевме меѓу 4 те факултети на поранешната Југославија кои беа исклучително формирани да ја истржуваат областа на туризмот“- нагласи Коруноски.
ФТУ е една од врвните институции не само во државава туку и во Европа од овој профил, нагласи истакнатиот професор на овој факултет Науме Мариноски. Тој смета дека традицијата што ја има факултетот во изворна форма може да се мери со најпрестижните институции од овој вид.
„Во нашето растење имавме периоди кога динамиката беше интензивна понекогаш бавна но во генерални рамки станува збор за еден забележителен континуитет во напредувањето. Јас какао дел од таа институција се трудев да помогнам и можам да се пофалам дека само под мое менторство имаме 4 професори кои предаваат на оваа институција“ – изјави Мариноски.
Инаку на иницијатива на факултетот и Универзитетот Св Климент Охридски, престојат активности по повод големиот настан што треба да се случи во 2016 година, одбележувањето на 1.100-годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски. Од таму информираат дека подготовките се во тек, веќе бил формиран организациски одбор и таа година цела би била во знакот на Св Климент, односно сите манифестации би имале призвук на чествување на големиот патрон Св Климент Охридски.