Skip to main content

Боде Милер заминува од скијањето

Американскиот скијач Боде Милер реши до крајот на ова сезона да не се појави во ниту една трка затоа што по светскиот шампионат во Вал д Исер потфрли и на  трките од Светскиот Куп во Сестриере и Крањска Гора.

 |  Крсте Голабовски  | 
Bode Miler
Боде Милер
Американскиот скијач Боде Милер реши до крајот на ова сезона да не се појави во ниту една трка затоа што по светскиот шампионат во Вал д Исер потфрли и на  трките од Светскиот Куп во Сестриере и Крањска Гора.

„Моментално други работи ме интересираат повеќе од Светскиот Куп„ изјави 31 годишниот Милер. До крајот на Светскиот Куп останаа само трките во Квитјфел Норвешка и финалето во Аере, Шведска.

Bode MilerОд Скијачката Федерација на Америка доаѓаат гласини дека оваa одлука на Милер може да значи и крај на кариерата на најуспешниот скијач на САД.
Два пати освојувач на Светскиот Куп, Милер пред почетокот на сезонава имаше големи очекувања но кога веќе не успеа да ги задоволи амбициите оваа одлука е најлогичното решение.

Американецот ова сезона не успеа да освоји ниту една победа во ниту една трка од Светскиот Куп, а во генералниот пласман се наоѓа на 8-то место. Тој досега победил во 31 трка во Светскиот Куп, а генерален победник на трките беше во 2005 и 2008-та година.

 

 

 

{loadposition content9}