Нов зимски поетски фестивал
Од 8 до 11 декември во Скопје ќе се одржува нов Зимски поетски фестивал, во рамките на манифестацијата Струшки вечери на поезијата.
Од 8 до 11 декември во Скопје ќе се одржува нов Зимски поетски фестивал, во рамките на манифестацијата Струшки вечери на поезијата.
Зимскиот поетски фестивал (ЗПФ) е востановен како дел од настојувањата за институцијата Струшки вечери на поезијата за интензивна културна активност на СВП насекаде во земјава и преку целата година.
Зимскиот поетски фестивал е надополнување на летниот особено што во фокусот се четворица врвни автори, тројца странски и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ кои низ три различни приоди ќе бидат презентирани. Учесници на првиот Зимски фестивал се Мохамед Бенис од Мароко, Александар Шурбанов од Бугарија, Душко Новаковиќ од Србија и добитникот на најпрестижната награда за книжевност во РМ „Браќа Миладиновци“, Виолета Танчева-Златева од Македонија.
За иднина СВП планира да организира и други вакви активности со што ќе ја прошири својата дејност и ќе овозможи поетското творештво да допре насекаде да биде презентирано и да се инсистира на тоа што и досега ги одликуваше Струшките вечери да ги донесе врвните поетски творци во Македонија. СВП планира за наредните години да го прошири Зимскиот фестивал и на универзитетите во Битола, Штип, Охрид , Тетово итн, каде ќе бидат организирани вакви културни активности.