Skip to main content

Сите комбинации пред расплетот во Лигата на шампиони

Овој вторник и среда се игра последното коло по групи во Лигата на шампиони

 |  инфодеск  | 

Девет учесници во осминафиналето на Лигата на шампиони веќе се познати и меѓу 16 најдобри во овогодишното натпреварување осигураа Реал Мадрид, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус, Манчестер Сити, Барселона, Баерн Минхен и Зенит.

Меѓу остатокот од друштвото многумина ќе се задоволат со третото место кое води во 1/16 финале на Лигата на Европа, а само три клуба се вон сите комбинации, Динамо, Макаби и Лион.

Во групата А јасно е дека Реал Мадрид е прв, а ПСЖ втор. Шахтјор и Малме се борат за третата позиција со тоа што Украинците се во голема предност бидејќи се подобри во меѓусебниот скор и ако Малме загуби кај Реал ќе бидат трети без оглед на нивното гостување кај ПСЖ.

Волфсбург е во најповолна ситуација во групата Б, ако остане непоразен на свој терен од Манчестер Јунајтед сигурно оди понатаму без обзир на натпреварот во Ајндховен помеѓу ПСВ и ЦСКА. Холанѓаните одат во 1/8 финале со победа, но ниту Русите не се испаднати бидејќи со победа ќе бидат трети. Без Руни, Херера, Џонс, Шнајдерлин, Валенсија, Шо и Рохо, Луис Ван Гал има големи проблеми со составување на тимот. Јунајтед е сигурен ако победи, но ако изгуби или ремизира може да испадне во случај на триумф на ПСВ.

Бенфика и Атлетико Мадрид во меѓусебна пресметка во Лисабон ќе одлучат за првото место во групата Ц, а Галата Сарај и Астана за патникот во Лигата на Европа. Нерешени исходи им се доволни на Португалците и Турците.

Реми е доволен и за Јувентус да заврши прв во групата Д. Старата дама гостува во Севиља која брка три бода и посакува Манчестер Сити на Етихад да не загуби од Борусија Менхегладбах.

Барселона осигура прво место во групата Е и ја чека гостување кај Баер Леверкузен. Рома ги држи конците во свои раце ако го победи Бате Борисов на Олимпико тогаш со сигурност е втора. Меѓутоа и Белорусите ќе треба нешто да се прашаат бидејќи и тие се понатаму во игра за поминување понатаму и за третото место доколку победат или ремизираат на Олимпико а Барселона победи во Германија.

Неприкосновениот Баерн Минхен пристигнува на Максимир како најдобра екипа во овој момент. Натпреварот Динамо – Баерн нема никакво значење, за разлика од натпреварот во Пиреја каде Арсенал ќе брка победа со два гола разлика за да заврши како втор во групата.  На Емиратс резултатот беше 2-3 па и таков резултат Англичаните ги води понатаму или резултатите 3-4, 4-5 и.т.н.

На Хозе Мурињо опасно му се тресе столчето на Стемфорд Бриџ, а Англичаните се уверени дека домашен пораз од некогашниот клуб на Мурињо, Порто, нема да го преживее со тоа што веројатно би значело испаѓање на Челзи од Лигата на шампиони бидејќи Динамо Киев на домашен терен не би требало да има тешка задача против отпишаниот Макаби.

Како единствен тим со 100% учинок Зенит потполно растеретен пристигнува во Белгија каде ги пречекува Гент со единствена сметка дека победа ги води понатаму. Валенсија на Местаља го пречекува катастрофалниот Лион и ќе помине понатака ако ги земе сите три бода, а Гент да не успее да го победи Зенит.