Skip to main content

Загaудвањето бара вонредна состојба?

Според мерењата на Министерството за животна средина, денеска во 15 часот, највисоко загадени беа скопските општини Центар и Карпош, како и Тетовo, пренесува „Телма“.

skopje

Според мерењата на Министерството за животна средина, денеска во 15 часот, највисоко загадени беа скопските општини Центар и Карпош, како и Тетовo, пренесува „Телма“.

А, резултатите од мерните станици во поголемите градови во земјава покажуваат загадување на воздухот со Пи Ем 10 честичките, што се движи од 450 до 800 мерни единици.

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ веќе 4 дена си ја префрлаат топката кој е виновен за загадувањето, но решенија не нудат. Партијата  ДОМ  денеска се огласи со барање до Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето, до крајот на зимата.Од таму го прозваа Министерството за животна средина.

Министерството за животна средина кое има обврска да се грижи за спроведување на законите за амбиентален воздух и за животна средина, да се разбуди од зимскиот сон кој го зафатил и да и предложи на Владата итни мерки, затоа што тоа е негова работа, рече Маја Морачанин од партијата ДОМ.

skopjeОд оваа партија понудија предлози за надминување на проблемот со загадениот воздух.

Да се зголеми бројноста на автобуси во јавниот превоз во оние градови каде тој постои. Да се мијат улиците со вода на стар домаќински и ефтин начин. Владата да даде буџетска подршка за набавка на течен гас, печки со целосно согорување, сончеви панели за топла вода и изолација на домовите. Да се прави сериозна контрола на работата на индустриските постројки, посебно на горивата што ги употребуваат. Да се собира редовно и прописно отпадот и да се остава на пропишана депонија. Да се поправат сите мерни станици за квалитет на воздух, за да следиме што ни се случува, вели Тони Ристов од „ ДОМ“.

Од 14 часот на аеродромот Александар Македонски редовно слетуваат и полетуваат авионите. Но поради густата магла сношти и утрово повеќе летови беа пренасочени кон Охридскиот аеродром или беа откажани. Згадувањето на воздухот во главниот град трае подолго време. Од  „ ДОМ “ се скептични на мерките што ги презема Град Скопје,  за прскање на улиците со ацетат. Тој според  партијата, треба дополнително да се анализира , зашто како што велат, повеќе граѓани се пожалиле на гушење и непријатен мирис по прскањето.