Skip to main content

Уште пет слободни места за нокаут фазата во Лигата на шампиони

По средбите во последното коло на групите А,Б,Ц, и Д познати се 11 клубови кои изборија пласман во 1/8 финале

 |  инфодеск  | 

Од групата А понатаму одат Реал Мадрид и ПСЖ, додека Шахтјор се сели во Лигата на Европа.

Во групата Б првите две места и 1/8 финале изборија Волфсбург и ПСВ, а Манчестер Јунајтед натпреварувањето го продолжува во Лига на Европа.

Во групата Ц Атлетико го освои првото место, понатаму оди и Бенфика, а во Лига Европа ќе игра Галата Сарај.

Во групата Д понатаму одат Манчестер Сити и Јувентус, а во Лига Европа оди Севиља.

Пред вечерашните натпревари на последното коло од групите Е, Ф, Г и Х, 1/8 финале обезбедија Барселона Баерн и Зенит.

Во групата Е до второто место можат три клуба – Баер Леверкузен, Рома и Бате Борисов, а во групата Ф единствено прашање е дали Арсенал ќе успее да го победи Олимпијакос во Грција со два разлика и да биде втор.

Во групата Г ќе испадне еден од тројката Челзи, Порто и Динамо Киев, додека во групата Х белгискиот првак Гент сам одлучува за својата судбина – ако победи на свој терен против Зенит ќе биде втор, пред Валенсија без оглед на исходот на натпреварот на Местаља Валенсија-Лион.