Иднината може да донесе поголеми телефони
Drasphone – паметен телефон на склопување
Мобилните телефони доживеаа драстични промени па од многу мали почнаа да потсетуваат на мали телевизори. Токму таа тенденција за поголеми телефони доаѓа поради желбата за подобар преглед и поголем екран.
Сепак, што поголем телефон тоа е потежок за носење, особено ако се носи в џеб. Токму ова размислување ги поттикнало креаторите на компанијата R&D Core Limited да направат телефон на расклопување.
Овој телефон под името Drasphone може да се склопи во потполно мал уред кој е нешто поголем од USB стик.
Куќиштето на телефонот е направено од неколку подвижни делови кои меѓусебно се преклопуваат, а посебно е интересен флексибилниот екран кој се витка без да се скрши и не ја губи функцијата дури и кога е склопен.
Кога ќе се склопи Darsphone станува мал мобилен уред со основни функции како што се примање на повик и читање пораки. Уредот на помал екран го прикажува датумот, времето и сите останати информации кои можат да се наместат да бидат видливи во одреден момент.
Идејата е прилично интересна па се надеваме дека овој концепт ќе заживее во некоја блиска иднина.


