Охридските болници најавија бројни нови здравствени услуги во 2016
Охридските болници најавија бројни нови здравствени услуги во 2016.
Директорот на Фондот за здравство Сашо Стефаноски ги слушна развојните планови на петте охридски јавни здравствени установи. Првиот човек на фондот со менаџерските тимови на Општа болница, специјалната болница за трауматологија и ортопедија Св. Еразмо и Кардиолошкиот завод, договораа конкретни здрвствени услуги за следната година. Стефаноски напомена дека во болниците ќе се инсистира да се унапредат или воведат нови методи пропратени со соодветна дијагностичка опрема.
„Дел од зафатот на буџетот на Фондот за 2016 во дел на здрвствените услуги и трансферирање на средства до здравствените установи во РМ е зголемен за 1 милјарда и 400 милиони денари. Сите овие средства ние планираме да ги ставиме на располагање на здравстените установи во РМ со соодветни планови и програма кои ги договараме во месец декември. Ќе направиме се доколу здравствените установи бидат понудени соодветни развојни програми да им ставиме на располагање што повеќе финансиски средства кои ќе бидат искористени за лекување на граѓаните на РМ“, кажа Стефаноски.
Љубен Арнаудов, директор на Општа Болница Охрид, кажа дека работат на 16 нови методи. Директорот ги наведе методите кои се применуваат во нивната болница како што се компјутерската томографија, мамографијата, лапарскопијата, колоноскопијата, гастроскопијата и ласерското третирање на очното дно кај дијабетичарите. Но тука не застануваме спомена Арнаудов и ги наведе идните планови.
„ Работиме на нови методологии.За 2016 ќе работиме на нови методологии. Дел се имплементирани, а дел со мали средства ќе може да функционираат како што се мамографијата и ехото на дојка, а сега ќе работиме на воведување на пунктирање на тумор на дојка и одстранување на целосно или делумно на дојка. Во гинекологија ќе работиме на лапарскопска гинеколгија“, најави Арнаудов.
Потенцира дека ќе работат на зголемување на енергетската ефикасност на стариот дел на болничките згради и ќе се заменуваат врати и прозори.
И Митко Тилев директорот на Специјалната болница за трауматологија и ортопедија Св Еразмо, ги презентира развојните планови на оваа установа и воведување на нови методи во лекувањето. Во болницата се лекуваат голем број пациенти од земјава и регионот рече Тилев. Додаде дека се надеваат во 2016 со нивните планови да добијат и поголем буџет за пациентите да ги добијат потребните здравствени услуги.
„ Ќе станеме регионалена центар за Бакалнот за реконструктивна ендопротетика. Ќе работиме на реконструкција на ендопротеза на колено и колкови, протеза на рамо. Почнавме со протеза на рбетен столб, лумбосаксална кичма и деформитети н а кичма. Ги работиме и ќе ги работиме и понатаму скифозите и сколиозите“, рече д-р Тилев.
За месец два чекаат да почне и реконструкцијата на болницата .За 18 месеци од потпишување на догворот треба да заврши изградбата на објектот каде ќе се имплементираат содржините кои се потребни на Заводот за кардиоваскуларни заболувања, и тоа: Адултна кардиологија со амбуланти, дијагностика и дневна болница и Интервентна кардиологија со интензивна и полуинтензивна нега.