Skip to main content

РЕДОВНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ – ПРАГА ОД МАЈ 2016

Од 20 мај 2016 година, Чех ерлајнс (CSA) ќе ја обнови својата редовна авионска линија Скопје – Прага, со три лета неделно.

аеродром

Од 20 мај 2016 година, Чех ерлајнс (CSA) ќе ја обнови својата редовна авионска линија Скопје – Прага, со три лета неделно.

аеродромПродажбата на билетите за летовите Скопје – Прага е отворена преку сите канали за продажба. Билет во еден правец чини 5.039 денари, додека пак цената за повратен билет изнесува 9.725 денари вклучувајќи ги сите такси Чех ерлајнс (CSA) ќе почне со операции на линијата Скопје – Прага од 20 мај 2016 и ќе лета два пати неделно кон аеродромот ,,Александар Велики’’. Полетувањето од Скопје ќе биде во понеделник и петок наутро во 04:10 по локално време, а пристигнувањето на аеродромот ,,Вацлав Хавел’’ во Прага во 06:00 по локално време.

Од 13 јуни 2016, авиопревозникот ќе додаде уште едно полетување од Скопје во среда во истото време. Летовите од Прага ќе бидат во четврток и недела, а од 14 јуни 2016 и од вторник, навечер од 22:25 по локално време, со пристигнување во Скопје во 00:25. Летовите ќе бидат оперирани со модерни воздухоплови Ербас A319 со 144 седишта во бизнис и економска класа. Чех ерлајнс (CSA) планира да оперира преку целата година.

Билетите за новата рута од вчера се во продажба преку сите канали на авиокомпанијата, односно преку веб-страницата www.czechairlines.com, како и преку нивниот контакт-центар и мрежата на туристички агенции кои се занимаваат со продажба на авиобилети.