Skip to main content

Средношколците од Куратица користат редовен наместо училишен превоз

Средношколците од Куратица користат редовен наместо  училишен превоз.

 |  Валентина Неловска  | 
kuratica

Редовен линиски превоз наместо училишен користат  средношколците од селото Куратица.  Со тоа  на учениците им се ускратува законското право на користење на организиран школски превоз се жалат родителите . Скоро една година  10 – тина ученици кои учат во охридските средни училишта не користат школки туку редовен превоз се жалат родителите. Посебно е тешко во зима затоа што е студено и доцна се стемнува , велат родителите.

„ Оваа година тендерот го зел Галеб, а учениците ги вози Бале турс со редовна линија, а не со школски превоз. Ние се жалевме до МЗ, општината  но нема ефект, а децата се изложени на проблем.На приемр часовите завршуваат во 12.30 , а според редовнота линија  комбето за Куратица тргнува во 12 и 10 минути. Детето е приморано да го чека другото редовно комбе во 16 часот, се жали родителот Васко Лушкоски.

Претседателот на Месната зедница Горан Ангелоски и Гоце Балоски жител од Куратица  напоменуваат дека се обиделе да ги алармираат надлежните институции меѓу кои ресорното министерство пред еден месец и општината за да се најде решение за проблемот на учениците.

kuratica„На 19 и 21 септември писмено се обративме до општинските инспектори да го разгледаат и решат проблемот, но родителите се жалаат дека сеуште не решен. Се надеваме инспекторите да излезат на терен и да ја видат  фактичката состојба е поинаква. Учениците во зима излегуваат во 5.30 минути  и заминуваат за Охрид, а почнуваат во 7.30 мин. Секој родител може да претпостави што значи неговото дете да мрзне“, вели Ангелески.  

„ Тоа е проблем на ниво на држава  региравме до општината  да се среди. Не е фер тие деца кои прв пат излегуваат од дома за нив е стресно да патуваат од 6 часот наутро и да се вратат дома во 16 часот. Сметам дека треба да се реагира на ниво на министерството за образование“, вели и Гоце Балоски жител од охридско Куратица.

За овој проблем на средношколците од куратица одговор побаравме од локалната самоуправа во чија надлежност е организирањето на училишниот превоз. Од таму велат дека  на нивна адреса досега  не пристигнала  ниту една  реакција или барање од некоја Месна Заедница со укажување дека има проблеми  во организираниот училишен превоз на територија на општината. Тврдат дека училишниот превоз генерално функционира.  За проблемот со учениците од Куратица за кој ТВМ денес побара информација од локланта со одговор дека уште денеска реагирале и  очекуваат овој проблем да се надмине  во најскоро време.