Охрид чекори за безбеден сообраќај
Со цел да се стави крај на сообраќајните незгоди во кои згаснуваат невини животи, денес охриѓани од сите возрасни популации, дефилираа низ неколку улици. Пораката беше јасна, да се внимава како се вози посебно кога има деца на патот, како и тоа, да се подигне степенот за безбедност во сообраќајот.
Охрид чекори за безбеден сообраќај. Внимавај те на децата во сообраќајот затоа што сум само дете, Вози како секое дете на улицата да е твое дете, Секое дете заслужува да му се радува на животот, вози внимателно, ти си одговорен. Ова се само дел од испишаните пароли со кои охриѓани од најмало до најстаро упатија силна порака до сите учесници во сообраќајот, да се внимава како се вози по учиците и да се подигне степеност на безбедност во сообраќајот.
„Ова е една манифестација која што практично значи апел до сите учесници во сообраќајот, возачите на патнички, товарни моторни возила, велосипедистите, моторциклистите, пешаците, да внимаваме на својата но и на безбедноста на сите други учесници. Заедно можеме да го направиме она што го посакуваме а тоа е да го намалиме бројот на случени сообраќајни незгоди“- изјави претседателот на Советот за безбедност м-р Стефан Димоски.
Градинката континуирано ги следи и се вклучува во сите настани кои ги организиара Советот за безбедност во сообраќајот но и на останатите релевантни институции. Целта е децата од мали нозе да бидат воспитани како да се грижат за својата безбедност, изјави Розе Костеска, директорката на детската градинка „Јасна Ристеска“
„Сите овие навики кои ќе ги стекнат сега останува како нивна трајна вредност. Симболиката „Охрид чекори кон безбедноста“ не е ни случајно избрана со таков наслов затоа што првите чекори ги правиме уште од најмали нозе. Чекориме кон нашата безбедност кон вниманието за себе и останатите. Исто така апелираме до сите учесници во сообраќајот особено до оние кои што користат моторни возила да внимаваат дека немирните дечиња можат да истрчаат преку улица да внимаваат кога возат затоа што таа случајност може да биде токму нивното дете“.
Статистстичките податоци зборуваат дека зголемен е бројот на жртви во сообраќајот посебно на пешаци. Во првите девет месеци само на територијата на СВР Охрид случени се 94 сообраќајни незгоди со четири жртви. Додека пак на државно ниво во просек има 160-170 загинати лица годишно, а повеќе од 40 отсто од сообраќајките се на територија на главниот град. Само во првите шест месеци во сообраќајки згаснале 12 детски животи.