Skip to main content

Во езерото кај Грашница од канал истекува нечиста вода

Во езерото кај Грашница од канал истекува  нечиста вода.

 |  Валентина Неловска  | 
kanal

Во езерото кај фудбалскиот стадион Грашница од канал се излева  нечиста вода. Ова  се гледа од аматреска снимка направена пред 5 дена а која граѓанин ја испрати до редакцијата на ТВМ. Денес нашата екипа беше на посоченото место и камерата забележа бара со нечиста вода околу каналот. Зад објективот на камерата луѓе кои тука живеат прокоментираа дека тоа е стар проблем.

kanalСледствено на оваа појава  се поставува  прашањето води ли некој од надлежните институции грижа каква вода се влева во езерските води. Одговор на ова прашање побарaвме од неколку  надлежни институции.

За каков вид на загадување станува збор и од каде доаѓа нечистата вода во езерото, за одговор  се обративме до општинскиот инспекторат и инспекторите за животна средина. Од таму испратија  одговор дека  до овој момент до општинскиот инспекторат за животна средина  нема никаква информација и дојава  дека има загадување  на просторот каде што се влева река Грашница  во езерото во близина на стадионот во населба Даљан. Ветуваат дека по оваа инфоемација  ќе излезат  на терен и ќе констатираат каква е ситуацијата. Доколку има загадување ќе алармираат  до надлежните служби да се преземат соодветни мерки.

kanalТвм се обрати  и  до Центарот за јавно здравје. Др. Лидија Симоноска за посочениот проблем напомена  за да се испита квалитетот на водата во моментов потребно е  до нивната институција да се испрати  барање. Др. Симоноска информира дека последните испитувања на земените примероци од водите на езерото  и од реката Грашница не покажале загадување и  се класифицирани од 2 категорија. Водата и физичко- хемиски и микробиоолошки е чиста и е дозволена за капење. Од пролета до сега земените примороци покажуваат дека водата е чиста и може да се употребува за капење, рекреација и спорт на вода.

Во врска со влевањето на нечисти вода во езерото се обидовме да ги исконтактираме и охридските еколози. Првите луѓе од ЕД „Грашница“ не одговoрија на телефонските повици.