Skip to main content

Постабилна финансиска основа за медиуми независни од политичките субјекти

Ова е ставот на аналитичарите во поглед на зависноста на медиумите од клиентелистичкото известување. Според Ибрахим Мехмети, политички аналитичар, македонските политичари се плашат од силни и независни медиуми и настојуваат да постои клима во кои тие ќе имаат пријателски медиуми кои ќе бидат наклонети кон нив. 

 |  Мишел Наумоски  | 
mediumi

Поголем дијалог и поопширна дискусија во јавноста за изнаоѓање на адекватни решенија кои ќе обезбедат независност на медиумите од политиката. Слабата финансиска основа на медиумите, според политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети е една од причините зошто медиумите подлегнуваат на манипулации од страна на моќните финансиски кругови, а во однос на политиката. Мехмети вели дека едно од решенијата за моменталната ситуација во која се наоѓаат медиумите е изнаоѓање на форма како медиумите да имаат стабилна финансиска основа од каде би можеле да ја црпат својата независност. Законските решенија, според него не се доволни за да се реши проблемот. 

ibrahim mehmeti analiticar“Може да се каже дека од една страна политичарите се плашат од медиумите, во смисла да не станат премногу силни, да можат да ги критикуваат поотворено или да ја анимираат јавноста во својата критикат, и од друга страна тоа е одраз на недоволното почитување на улогата на медиумите, значи не само стравот туку и недоволно непочитување. Мислам дека политичарите генерално не се свесни колку се важни медиумите, не само за граѓаните, туку и за нив. Долгорочно гледано, ние сме сведоци дека кај нас повеќето од решенијата, она што се политички решенија се краткорочни и затоа се вртиме во круг.”-вели Ибрахим Мехмети, политички аналитичар.

Според Мехмети, причината зошто толку тешко оди процесот на решавање на проблемот со политички и финансиски зависните медиуми е тоа што на сите политички субјекти им одговара ситуацијата во која медиумите се наоѓаат.

mediumi“Проблем не е само партијата на власт, туку проблемот е во вкупната политичка сцена кај нас. Тука мислам дека сите политички партии помалку или повеќе имаат исти пристап. Односно главниот проблем или недостаток што го имаат политичките партии е што се наклонети кон тоа да имаат во наводници пријателски медиуми, такви кои што не ги критикуваат туку ги поддржуваат нивните политики, и не се подготвени да се соочат со критички медиуми, и затоа имаме ваква ситуација каде што сите политички партии и тие што се на власт и тие што се во опозиција, имаат консензус околу тоа каква треба да биде улогата на медиумите во донесување на одлуки дури и за самата нивна позиција во општеството.”-рече тој. 

Мехмети вели дека и медиумите и невладините треба заеднички да ги убедат политичарите но и јавноста дека затворените политики од позиција на политичка сила не нудат долгорочни решенија. Според него во земјава не постојат основни стандарди на медиумско известување и истите би требало да ги донесат самите медиуми како не би се нашле во ситуација некој во нивно име да ги дефинира минимум стандардите и со тоа да ги стави во незвидна положба. За решавање на моменталната ситуација во медиумите, според Мехмети ќе биде потребно подолго време и подолгорочни решенија.